ТВ и Филм 25,3 милиони прегледи во првите три дена

Новиот филм „Пики блајндерс“ најбаран на „Нетфликс”

Серијата „Пики блајндерс“ којашто се прикажуваше шест сезони – од 2013 до 2022 година, веќе има огромен број обожаватели, што му овозможи на новиот филм брзо да го заземе првото место на листата најгледани наслови минатата недела, од 16 до 22 март. Интересот на публиката за враќањето на семејството Шелби ги надмина сите други нови изданија на платформата во овој миг.

Новиот филм „Пики блајндерс“ најбаран на „Нетфликс”

Филмот „Пики блајндерс: Бесмртниот“ (Peaky Blinders: The Immortal Man) забележа 25,3 милиони прегледи во првите три дена од објавувањето на платформата „Нетфликс”. Филмот, којшто e достапен од 20 март, е директно продолжение на популарната серија на „Би-би-си“, со Килијан Марфи во главната улога.

Серијата „Пики блајндерс“ којашто се прикажуваше шест сезони – од 2013 до 2022 година, веќе има огромен број обожаватели, што му овозможи на новиот филм брзо да го заземе првото место на листата најгледани наслови минатата недела, од 16 до 22 март. Интересот на публиката за враќањето на семејството Шелби ги надмина сите други нови изданија на платформата во овој миг.

На листата најпопуларни се најдоа и музичкиот специјал „БТС – Враќање во живо: Ариранг“ (BTS The Comeback Live: Arirang) со 18,4 милиони прегледи и втората сезона од серијата „Еден дел“ (One Piece), со 11,1 милиони прегледи. Сепак, овие два ТВ-хитови не успеаја да ја загрозат водечката позиција на Килијан Марфи и неговото враќање во улогата што на некој начин му ја обележа кариерата. (МИА)

To top