Македонија влијание од башановиќ и шчекиќ: филипче „прича“ на српски

Наместо да си ги собере „пљачките“ и да препушти на вистински лидер, Филипче гледа „ПЉАЧКА“

Туку. Каде е Заев?

ГДЕ ЈЕ ЗАЕВ? (за да разберат на Бихаќка)

Чуму, не е во Македонија? ЗБОГ ЧЕГА НИЈЕ У МАКЕДОНИЈИ?

Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме.

Т.е. извинете – ОНАКО, ЗА ПРИЈАТЕЉА ПИТАМО.

РАЗУМЕТЕ…

Наместо да си ги собере „пљачките“ и да препушти на вистински лидер, Филипче гледа „ПЉАЧКА“

Влијанието на Башановиќ и Шчекиќ било пресудно во СДС. Веќе им се удирало од глава. Почнале и да „причаат“ на српски по кулоарите на Бихаќка, се јачале кој од кој подобро знае, за да им се упикаат на пи-ар стратезите од северот. Така и Филипче, кој под влијание на другарчињата на Заев почна да ПРИЧА по интервјуа. Очебијно, средбите со Башановиќ и Шчекиќ по Србија и Грција по налог на Зоки си го прави своето.

Имено, деновиве граѓаните сведочат на рапидно симнување на нивото на вокабуларот на врхушката на СДС, карактеристино за нивните агресивни ментори од север. Нов ден, нова зезалица од Бихаќка. Вчера претпладне ги навредуваа политичките противници со кочијашки речник, нарекувајќи ги дилетанти, за да вечерта лидерот ПРИЧА за некаква си имагинарна „ПЉАЧКА“ на државата, која ја има само во главите на засегнатите од вадењето на предметите од фиоките во ЈО.

Веројатно, никој не му кажал на Филипче дека во македонскиот јазик, за кој толку многу се пенават и го „бранат“ (друг донесе двојазичност, не тие, никако), не постои зборот ПЉАЧКА. Вистинскиот збор на македонски е ГРАБЕЖ. Постојат и други синоними, но ПЉАЧКА сигурно не е еден од нив. ПЉАЧКА е дел од јазикот на „професорите“ Башановиќ и Шчекиќ.

На социјалните мрежи му порачаа на надобудниот „лидер“ кој се расфрла со србизми: „Наместо да си ги собере „пљачките“ и да препушти на вистински лидер, уфилманиот Филипче гледа некаква си „ПЉАЧКА“…

Така, освен србизмите, понесен од уплавот и она што следи во блиска иднина со фамозните фиоки и предмети во ЈО, Венко истресе: „ВМРО има ставено капа на буквално секоја институција. Ја партизираа до максимум, ја држат државата по страна од европскиот пат и ја ПЉАЧКААТ на секое ниво, ние секојдневно вадиме скандали“ во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма. Не кажа дека „скандалите“ се сите која од која лажна вест, давање измислен контекст на напати сулуди поврзувања на безвезни констатации, но тоа не е битно.

Според познавачите на состојбите, измислените криминали на власта се лиферуваат „како на лента“ со една единствена цел, создавање на лажен привид за отворање простор на старата СДС мантра СИТЕ СЕ ИСТИ. Т.е. СВИ СУ ИСТИ, во овој патолошки СДС случај.

Во превод, кога ќе нагрнат случаите за висока корупција и организиран криминал на минатата влада, каша во која се Венко, Зоран, Вице, Љупчо, Оливер, Артан, Васко и останатата банда, релативизацијата СИТЕ СЕ ИСТИ, ќе биде единствената одбрана пред тежината на доказите и обвиненијата, имагинарен привид дека – ДА, КРАДЕЛЕ СДС, ОК, но тоа не е ништо страшно затоа што демек, краделе и ВМРО. Затоа што, СИТЕ СЕ ИСТИ, нели? А, не се, едни се АРАМИИ, други НЕ СЕ…

Класичен, децениски СДС смут во кој строгиот Венко ќе дотресе „Ете тоа е суштината, јас тоа не го дозволувам“?!

Небаре, некој нешто го прашува него во државата, та Венко со 15 партеника кои на следните избори ќе станат 5, ТОА немало ДА ГО ДОЗВОЛИ?!

Имало, немало, време е да го пратат „лидерот“ на часови по македонски, од кои очебијно бегал од часови, по урнекот на менторот Зоки кој одел на 3-44 часа и што му фалело. Не е на одмет да престане толку да се дружи со Башановиќ и Шчекиќ. И да не оди на журки со Харис Џиновиќ со вистинскиот лидер Заев.

 

П.С.

 

Туку. Каде е Заев?

ГДЕ ЈЕ ЗАЕВ? (за да разберат на Бихаќка)

Чуму, не е во Македонија? ЗБОГ ЧЕГА НИЈЕ У МАКЕДОНИЈИ?

Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме.

Т.е. извинете – ОНАКО, ЗА ПРИЈАТЕЉА ПИТАМО.

РАЗУМЕТЕ…

Најнови вести од Македонија

To top