Скопје Гази Баба

Стефковски: Изградба на нова пристапна улица во Керамидница

Со посветеност, работа и јасна цел, продолжуваме да создаваме услови за развој, напредок и достоинствен живот за сите граѓани“, додаде тој.

Стефковски: Изградба на нова пристапна улица во Керамидница

Градоначалник на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово направи увид на градежните активности за изградба на нова пристапна улица во Керамидница, која ќе овозможи директен и побрз пристап кон станбениот комплекс Космос. Овој значаен инфраструктурен зафат претставува уште еден чекор кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

Овој проект произлегува како директно барање на жителите од овој дел на Керамидница, што уште еднаш потврдува дека нивниот глас е слушнат и преточен во конкретни дела.

Продолжуваме со силно темпо во реализацијата на инвестиции во патната инфраструктура, со јасна визија за модерно и поврзано урбано живеење. Секој нов проект значи поголема безбедност, подобра комуникација и поквалитетен живот за сите, изјави Стефковски.

„Во оваа насока, веќе во најскоро време започнуваме и со комплетна реконструкција на улицата 519 во Керамидница – една од главните сообраќајни артерии во оваа населба. Со оваа реконструкција ќе се подобри протокот на сообраќај, безбедноста на учесниците и целокупниот изглед на просторот.

Со посветеност, работа и јасна цел, продолжуваме да создаваме услови за развој, напредок и достоинствен живот за сите граѓани“, додаде тој.

🚧 Изградба на нова пристапна улица во Керамидница!

🏗️ Утрово направивме увид на градежните активности за изградба на…

Posted by Бобан Стефковски on Thursday, March 26, 2026

To top