Маскирано лице откако со чекан ја скршило стаклената врата на филијала на пошта во грчкиот град Лутраки на Пелопонез, под закана со оружје од вработените кои во тој момент го полнеле банкоматот со пари, одзел околу 32.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, грабежот се случил рано утрово, кусо пред 8 часот, сторителот бил вооружен со калашников, а откако ги одзел парите, побегнал во непознат правец заедно со својот соучесник, кој го чекал во возило.
Во тек е истрага на полицијата за пронаоѓање и апсење на сторителите. (МИА)