Занимливости културни локалитети

(ВИДЕО) Скадар нуди фасцинантни музеи и древни знаменитости за сите возрасти

Според податоците објавени од министерот за туризам, култура и спорт Бленди Гонџа, Археолошкиот парк Скадар со познатата тврдина Розафа се наоѓа на второ место по посетеност во земјата оваа година, привлекувајќи досега над 3.475 домашни и странски туристи.

(ВИДЕО) Скадар нуди фасцинантни музеи и древни знаменитости за сите возрасти

„Албанскиот град Скадар е водечка културна дестинација која привлекува различни генерации, како домашни така и странски туристи во текот на целата година“, наведува албанската новинска агенција АТА.

Лани премиерот Еди Рама сподели на социјалните мрежи фотографии од музеите и археолошките локалитети во Скадар, кои бележат висока посетеност од младите, но и од посетители од сите возрасти.

Според податоците објавени од министерот за туризам, култура и спорт Бленди Гонџа, Археолошкиот парк Скадар со познатата тврдина Розафа се наоѓа на второ место по посетеност во земјата оваа година, привлекувајќи досега над 3.475 домашни и странски туристи.

Над 20.000 туристи ги посетиле албанските културни локалитети во јануари, што го нагласува силниот интерес за историјата и културното наследство надвор од традиционалната туристичка сезона, информираа албанските медиуми. Националните музеи во Албанија се посетени од 11.315 лица од почетокот на годината, додека археолошките паркови и културните тврдини привлекле уште илјадници посетители.

To top