Ракомет

Познати двојките за Ф4 во машкиот ракометен национален Куп

Познати двојките за Ф4 во машкиот ракометен национален Куп

Во Ракометната Федерација на Македонија беа извлечени двојките за завршницата од Купот на Македонија што ќе се одржи од 17 до 19 април во салата „Младост“ во Струмица.

На фајналфор турнирот ќе учествуваат четирите првопласирани од Супер лигата, а бранител на трофејот е Вардар.

Во полуфиналето ќе играат:

ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер (17 април почеток 17 часот)

Алкалоид – Вардар (17 април почеток 20 часот)

To top