Општина Карпош започнува со реализација на проект за психолошка поддршка на онколошки пациенти со цел да им обезбеди бесплатна, стручна и континуирана поддршка на пациентите, жени и мажи, преку организирање на групни терапевтски средби.
Во период од 9 месеци, со почеток од април 2026 година, ќе се реализираат групни сесии во кои учесниците ќе добијат:
- Безбеден простор за споделување
- Емоционална поддршка
- Техники за справување со стрес и анксиозност
- Чувство на заедница и разбирање.
Главната цел на овој проект кој е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за оваа година, е подобрување на менталната благосостојба, намалување на анкзиозноста и зајакнување на психолошката отпорност и емоционалната стабилност кај учесниците.
Средбите ќе бидат реализирани од стручен тим предводен од лиценциран психолог Тамара Стојчевска.
Сите заинтересирани граѓани може да се пријават на тел.број 076/439-663