Останати спортови

Лукас Пињеиро Братен го освои малиот кристален глобус

Лукас Пињеиро Братен го освои малиот кристален глобус

Лукас Пињеиро Братен ја заврши сезоната во велеслалом, откако триумфираше на последната трка во Светскиот куп, која се одржа во норвешки Хафјел.

Бразилскиот скијач дојде до победата со време од 2:20.65 минути, што воедно беше негова осма победа во кариерата, а со овој резултат го освои и малиот кристален глобус во оваа дисциплина.

Зад него заврши Швајцарецот Лоик Мејар со заостанување од 0,58 секунди, додека трет беше Норвежанецот Атле Ли Мекграт со 0,87 секунди послабо време од победникот.

Во генералниот пласман во велеслалом, Пињеиро Братен го освои првото место со 547 бода, пред Марко Одермат кој собра 495.

Сепак, Одермат веќе претходно го обезбеди големиот Кристален глобус во Светскиот куп со вкупно 1.626 бода, додека Пињеиро Братен сезоната ја завршува на втората позиција со 1.058.

To top