Денеска (07.11.2023) во Полициската станица Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола извршиле службен разговор со П.П.(18), С.С.(18), С.А.(18) и еден 17–годишник, сите од Битола.
Тие се сомничат дека на 03.11.2023 околу 00:13 часот во Битола оштетиле и предизвикале пожар на кафемат, а од пожарот биле зафатени бандера и други околни предмети.
Во разговорот тие го признале делото и по негово целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.