Претседателот на Франција, Емануел Макрон, свика нов состанок на Советот за национална одбрана и безбедност, на кој ќе се разгледува ситуацијата во Иран и поширокиот регион на Блискиот Исток.
Информацијата на објавија француски портали, повикувајќи се на извори во Елисејската палата.
Инаку, ова е петти состанок на Советот за национална одбрана и безбедност на Франција од почетокот на израелско-американскиот воен ангажман во Иран, што започна пред 25 дена.
Советот заседаваше на 28 февруари, како и на 1, 2, 10 и 17 март.
Состанокот е закажан за попладнево со почеток од 17:30 часот по локално време. (МИА)