Свет

Куба е подготвена за инвестиции од САД, но не и за промена на политичкиот систем

Претседателот на Куба, Мигел Дијас-Канел изјави дека Хавана е подготвена да преговара со Вашингтон, но под услов тоа да не подразбира промена на комунистичкиот еднопартиски систем

Куба е подготвена за инвестиции од САД, но не и за промена на политичкиот систем

Претседателот на Куба, Мигел Дијас-Канел изјави дека Хавана е подготвена да преговара со Вашингтон, но под услов тоа да не подразбира промена на комунистичкиот еднопартиски систем.

Тој истакна дека заради одбрана на поредокот, владата би била подготвена да „се спротивстави и покрај енергетската блокада“, американската забрана за снабдување со нафта, што доведе до колапс на кубанската економија и катастрофална состојба на населението.

– Револуционерите не се предаваат, истакна Дијас-Канел пред членовите на странската делегација што во Хавана достави 20 тони храна и лекови.

Претходно, шефот на кубанската дипломатија Карлос Фернандес де Косио за „Ен-би-си њуз“ наведе дека „кубанските вооружени сили се подготвуваат да ја осуетат секоја воена агресија“.

Властите во Хавана најавија дека, првпат по револуцијата од 1959 година, Куба би прифатила вложувања во мешовити фирми со компании од САД, посебно оние со капитал на Американци од кубанско потекло. Кубанците сопственици на американски фирми соопштија дека се подготвени да вложат во Куба, само ако нивните инвестиции ги гарантира законот и системот на власт.

To top