Фудбал

Реал Мадрид ќе бара поништување на црвениот картон на Валверде

Реал Мадрид ќе бара поништување на црвениот картон на Валверде

Реал Мадрид поднесе жалба против казната на својот играч Федерико Валверде, кој доби црвен картон и беше исклучен при победата од 3:2 против Атлетико Мадрид во Примера.

Во 77-мата минута, Валверде беше отстранет од игра по прекршок над Алекс Баена на средината од теренот.

Весникот „Марка“ објави дека судијата Хосе Монтеро му покажал директен црвен картон бидејќи „прекршокот е санкциониран како силен удар по нозете одзади“, што било наведено и во судискиот извештај.

Според правилникот, ваквата казна значи дека 27-годишниот Уругваец ќе пропушти два натпревара. Во следните две кола од Ла Лига, Кралевите ќе играат против Мајорка и Жирона.

Во Реал Мадрид не се согласуваат со каква било санкција за Валверде и токму поради тоа ќе го обжалат црвениот картон.

To top