Скопје економски зони

Општина Илинден потпиша договор за реализација на проект со бизнис секторот од стопански комплекс „Илинден“

Проектот има значење не само за деловната заедница, туку и за сите граѓани кои секојдневно го користат овој патен правец.

Општина Илинден потпиша договор за реализација на проект со бизнис секторот од стопански комплекс „Илинден“

Општина Илинден потпиша договор со компаниите од Стопанскиот комплекс „Илинден“ за реализација на значаен инфраструктурен проект за реконструкција на мостот на влезот во локалната економска зона во населба Илинден.

Станува збор за проект од исклучителна важност, кој директно влијае врз подобрување на пристапот и безбедноста во една од најзначајните економски зони во општината.

Реконструкцијата на мостот ќе придонесе за поефикасно одвивање на сообраќајот, олеснет транспорт на стоки и подобри услови за работа на стопанските субјекти. Со проектот се планира проширување и изградба на нов мост со широчина на коловоз од 7,5 метри и тротоар од 1,5 од едната страна, со што вкупната широчина на мостот ќе изнесува 9 метри и значително ќе ги подобри сообраќајните услови во зоната, каде постоечката широчина на мостот изнесува 4,5 метри.

Овој зафат е дел од пошироките активности на Општина Илинден во областа на локалниот економски развој, насочени кон модернизација и унапредување на јавната инфраструктура. Со ваквите инвестиции се создаваат услови за поголема конкурентност на компаниите, како и за привлекување нови инвестиции.

Проектот има значење не само за деловната заедница, туку и за сите граѓани кои секојдневно го користат овој патен правец.

Општина Илинден и понатаму останува посветена на реализација на проекти кои обезбедуваат подобар квалитет на живот, современа инфраструктура и одржлив економски развој. Како и на помош и поддршка на бизнис секторот во општината.

To top