Во тек се градежни активности, односно реконструкција на дел од коловозот на улицата „Леринска“ и на дел од улицата „Христо Узунов“.
Во моментов јавното претпријатие „Нискоградба“ ја изведува мешовитата (фекална и атмосферска) канализација, а ќе се изведуваат и приклучоци за куќите.
По ова ќе следи и фазата на асфалтирање на улиците.
Вкупниот износ на средства за реконструкција на коловозот изнесува 4.004.100 денари, а за изведбата на канализацијата 2.872.960 денари.
Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Битола.