Кошарка НБА

Дончиќ втор играч во НБА со просек од 40 поени во серија од девет победи

Оваа победа беше деветта последователна за Лејкерси во основниот дел од НБА-лигата сезона 2025/26.

Дончиќ втор играч во НБА со просек од 40 поени во серија од девет победи

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, постигна 33 поени во вчерашната победа од 105:104 над Орландо меџик.

Оваа победа беше деветта последователна за Лејкерси во основниот дел од НБА-лигата сезона 2025/26.

Во овој период, Дончиќ има просек од 40 поени по натпревар, 8,4 скока и 7,4 асистенции.

Дваесет и седумгодишниот Словенец стана вториот играч во историјата на НБА кој постигнал просек од 40 поени во текот на серија од девет победи за својот тим.

Само Вилт Чемберлен претходно имал вакво достигнување.

To top