Свет патроли

Белгија ги враќа воените патроли на улиците поради растечки безбедносни закани

Белгија од денеска ги враќа воените патроли на улиците поради растечките безбедносни закани, објавија локалните медиуми.

Белгија ги враќа воените патроли на улиците поради растечки безбедносни закани

Белгија од денеска ги враќа воените патроли на улиците поради растечките безбедносни закани, објавија локалните медиуми.

Предвидено е 200 војници да ги поддржуваат полициските тимови три месеци. Од јули, вкупниот број на патроли е планиран да биде ограничен на 90 војници. Слична мерка беше воведена по нападите во Брисел во март 2016 година.

Првично војниците ќе патролираат во Брисел, Антверпен и Лиеж, каде што неодамна беше нападната синагога. Главната задача ќе биде заштита на местата поврзани со еврејската заедница, како и борба против ширењето на дрога и криминалот. Војниците ќе бидат задолжени и за безбедноста во училиштата и на железнички станици и метрото.

– Во оваа тешка безбедносна ситуација, државата мора да ја искористи целата своја моќ, изјави белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квентин.

To top