Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски вечерва го означи стартот на мини подготовките за двата мартовски плејоф натпревари на гостински терен за пласман на Светското првенство кое ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Македонската репрезентација на 26 март во Копенхаген ќе ѝ гостува на Данска во обид да го изненади фаворитот и да обезбеди пласман во финалето во кое за место на Мундијалот ќе соочи со победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска. Поразените репрезентации од двата баражи ќе се соочат на 31 март, во Прага или Даблин.
„За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера, да го облечам дресот на Македонија. Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам на репрезентацијата. Ова го посакував, го чекав и го сонував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Со нетрпение очекувам да започнеме. Најважно е да бидеме тим, сите заедно. Знам дека на мојата позиција Алиоски има големо искуство и многу години во репрезентацијата, и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар. Данска е силна репрезентација, но ние се фокусираме на нас самите. Верувам дека натпреварот е 50-50 и дека сè зависи од нас. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат, зошто да не и пласман во финале.“, изјави пза офиоцијалниот сајт на ФФМ, дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастијан Ерера, кој заедно со напаѓачот на Сиетл, Дени Мусовски и стоперот на Шкендија Имран Фетаи добија дебитантски повик.
Повратниците во репрезентацијата се Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев од узбекистански Согдиана и Егзон Бејтулаи од косовска Дрита. (МИА)