Познати ТАГА ГОЛЕМА

Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него

-Брат ми Драган ме замоли да му напишам песна два дена пред да заминам, да ја испее… Ветив, но не знаев дека ќе ја напишам за него. Нека го чува Бог горе на подобро место, напиша фолкерот на Инстаграм.

Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него

Фолкерот Дарко Лазиќ минува низ најтешкиот период во својот живот. Откако го погреба сопствениот брат и се соочи со незамислива загуба, тој се обидува да најде сила да издржи и да продолжи понатаму.

Тој повторно се збогува со Драган со емотивна објава, во која ги откри шокантните детали од нивниот последен разговор.

Имено, пред да патуваат на Малдивите, Дарко Лазиќ и неговиот брат се согласија да снимат неколку песни во студиото на познат хармоникаш, а Борко Радивојевиќ потврди сè.

Сега пејачот ги растажи сите со својата исповед.

-Брат ми Драган ме замоли да му напишам песна два дена пред да заминам, да ја испее… Ветив, но не знаев дека ќе ја напишам за него. Нека го чува Бог горе на подобро место, напиша фолкерот на Инстаграм.

Драган загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на 11 март, на пат кон Шабац, кога возел мотоцикл и направил судир со патничко возило. За време на поворката, Дарко постојано го галеше и го бакнуваше ковчегот на својот брат, изговарајќи зборови што ја кинат душата.

– Не го заслужи ова, брате мој… Тато Милан, ти го носам син ми. Чувај го за мене. Ми вети дека ќе разговараме. Зошто ме остави, брате? Зошто? Ти си мојата душа, живот! Како ќе живеам без тебе? Не се договоривме така… Не стигнав да ти кажам сè, не се збогувавме… Сè ќе помине, брате, ќе помине… Ти ветувам! Не грижи се за ништо, јас ќе се погрижам за сè, ти ветувам дека сè ќе биде во ред. Ќе ти пишувам секој ден! Ова е само привремено, брате мој! Нема да те дадам на никого. Дали да те испраќам вака? – викаше неутешниот Лазиќ.

Најнови вести од Познати

To top