Македонија „До вчера велеа нема мерки и сега кога Владата презема мерки велат зошто има мерки“

„Филипче против тоа граѓаните да заштедат пари, тој е синоним за најнеуспешната влада на Заев“ – обвинува владејачката партија

Инфлацијата во време на СДС беше двоцифрена, а СДС и ДУИ не вложуваа во капитални инвестиции, туку инвестираа во нивните џебови. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги следи настаните и реагира на време, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за зголемување на стандардот на граѓаните, посочуваат тие во соопштението.

„Филипче против тоа граѓаните да заштедат пари, тој е синоним за најнеуспешната влада на Заев“ – обвинува владејачката партија

СДС и Филипче до вчера велеа нема мерки и сега кога Владата презема мерки велат зошто има мерки. На СДС и Филипче ништо не им чини. СДС и Филипче настапуваат тотално без концепт За тоа кој ја става Македонија во подредена и неподредена позиција, да потсетиме дека Венко беше еден од апологетите на најкриминалната влада во историјата на Македонија, а таа е владата на Заев и Филипче, обвинува владејачката партија.

-Што се однесува до позицијата како се однесува државата во криза, кога и државата беше во ковид кризата, да се потсетиме како се однесуваа Венко и Заев, кога десетици илјади луѓе ги загубија животите, и додека луѓето умираа тој договараше вакцини, Стабри провизии, и додека модуларната гореше тој правеше анекси. Кога народот го лажеа дека ќе дојде фејзбук и гугл, а не се отвори ни една нова инвестиција, Филипче се радуваше кога ќе добиеше вакцини и од тоа правеше настан и како свадба без невеста ги чекаа на граница. Во однос на заложбите на Владата, со денешната одлука се заштедуваат околу милион и пол илјади евра седмично, коишто граѓаните ќе ги дадеа доколку не беше оваа мерка. И нема струјата да поскапи како во време на СДС. Однесувањето на Филипче говори дека српските мешетари претставени од Башановиќ и Шчекиќ не можат да го извадат од фекалиите и барата во кои самиот Филипче тоне се повеќе и повеќе. Оваа тактика на српските мешетари Башановиќ и Шчекиќ ги носи СДС и Филипче во сигурна пропаст, велат од ВМРО-ДПМНЕ..

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС ги остави граѓаните да преживуваат во нивно време со 150 денари на ден.

-Кога СДС зборува за економските политики на Владата, да ги потсетиме дека тие ја доведоа државата на раб на банкрот, платите стагнираа, а пензионерите секојдневно беа на улиците барајќи зголемување на пензиите. Јавниот долг беше над 60% и историски највисок во нивно време. СДС го колабираше енергетскиот сектор, граѓаните плаќаа енормно високи сметки за струја додека кланот Заеви и Филипче профитираа од нивните фамилијарни бизниси. Функционерите во СДС, го ограбуваа енергетскиот сектор во Македонија. Од целиот синџир на криминални тендери, не изостана ниту сега душегрижникот претседател на СДС, Венко Филипче. Па затоа нека каже од каде му е службеното луксузно Ауди и каква е неговата врска со Енис Колашинац кој ЕСМ го снабдуваше со јаглен за време на власта на СДС и бугарската фирма. СДС со Заев и Филипче, три пати ја зголемија акцизата на нафтата кога беа на власт. И со тоа зголемување на цените, ја отворија спиралата на покачување на сите цени. Инфлацијата во време на СДС беше двоцифрена, а СДС и ДУИ не вложуваа во капитални инвестиции, туку инвестираа во нивните џебови. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги следи настаните и реагира на време, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за зголемување на стандардот на граѓаните, посочуваат тие во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top