Фудбал

Херера: Можеме да направиме успех на мечот со Данска

Херера: Можеме да направиме успех на мечот со Данска

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна подготовките за претстојниот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на СП.

Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски националниот тим одработи тренинг во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Своите први импресии ги сподели еден од дебитантите во националниот тим Себастијан Херера.

Тој истакна дека тимот треба да биде максимално мотивиран и да верува во сопствениот квалитет пред гостувањето кај Данците.

„За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера, да го облечам дресот на Македонија.

Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам на репрезентацијата. Ова го посакував, го чекав и го сонував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Со нетрпение очекувам да започнеме.

Најважно е да бидеме тим, сите заедно. Знам дека на мојата позиција Алиоски има големо искуство и многу години во репрезентацијата, и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар. Данска е силна репрезентација, но ние се фокусираме на нас самите. Верувам дека натпреварот е 50-50 и дека сè зависи од нас. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат, зошто да не и пласман во финале.“

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март во Копенхаген.

To top