Полека се спушта завесата на сезоната во Светскиот Куп во алпско скијање.
Италијанската скијачка Лаура Пировано го освои малиот кристален глобус во спуст, триумфирајќи денеска во Ллилехамер на во последната трка од оваа дисциплина сезонава.
Пировано имаше водство од 28 бодови пред второпласираната Германка Ема Ајхер пред завршната трка и со триумфот го освои Малиот глобус.
Ајхер заврши петта, заостанувајќи 37 стотинки зад Пировано.
Второто место во Лилехамер го освои Американката Бризи Џонсон, а трета беше Германката Кира Вајдле-Винкелман.