Фудбал

Омерагиќ: Денес, не зборуваме за планови – туку за конкретни чекори и видливи резултати

Омерагиќ:  Денес, не зборуваме за планови – туку за конкретни чекори и видливи резултати

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното годишно собрание на кое, меѓу другите, зборуваше и првиот човек на федерацијата, Масар Омерагиќ.

Претседателот на ФФМ даде отчет за сработеното во претходната година и не го криеше задоволството од досегашните резултати на федерацијата.

„Пред една година, од ова место зборувавме за обврската што ја носиме – да поставиме правец, да изградиме систем и да ја вратиме довербата.  Денес, не зборуваме за планови. Зборуваме за конкретни чекори и видливи резултати. Во изминатата година, еден од клучните приоритети беше да инвестираме таму каде што е најпотребно. Во основата.

Ги подобруваме условите за работа, ги обновуваме клучните капацитети и вложуваме низ целата држава. Тоа значи повеќе терени, подобра инфраструктура и реални услови за развој на фудбалот. Во нашиот тренинг центар, каде што повеќе од една деценија немаше сериозни вложувања, започнавме и завршивме со темелна обнова и модернизација. Денес, тој простор има функционалност каква што заслужуваат нашите репрезентации. Во Битола, за рекордно краток рок, заедно со општината, стадионот „Петар Милошевски“ го обновивме и сега претставува вистинска гордост на градот и нов дом на македонската репрезентација.

Во Охрид се гради нова трибина, трибина која ќе ја завршиме во рекордно време, а не како некој кои се градеа и по шест години. Во Илинден, Липково/Слупчане и Дојран веќе се ставени во функција терени со вештачка трева, нови простори за тренинг, натпревари и развој.
Паралелно, обезбедивме и набавка на повеќе од 20.000 столчиња за стадионите и терените низ државата, со цел подобрување на условите за гледачите и целокупниот амбиент на натпреварите во сите категории.

До крајот на 2026 година, приоритет ќе биде изградба и реконструкција на нови терени со современа дренажа, системи за наводнување и квалитетна тревна подлога на неколку стадиони во државата, поставување на рефлекторско осветлување, нови соблекувални и семафори на неколку стадиони.

Ова е процес што не завршува, ова е систем што го градиме. И развојот не е само во објекти, туку и во можности. Нашите младински репрезентации, машки и женски, само во изминатата година одиграа вкупно 99 натпревари. Тоа е континуитет, тоа е искуство, тоа е процес на создавање генерации кои утре треба да ја носат репрезентацијата.
Паралелно, го подигнавме нивото на организација и регуларност. Воведувањето на ВАР во рекордо време и обуката на судиите не се само технички чекори, тоа е порака дека фудбалот мора да биде фер, јасен и чист.

Создадовме услови и за сениорските репрезентации да функционираат на највисоко ниво. Организацијата, логистиката и комуникацијата се поставени така што фокусот е таму каде што треба, на теренот. Ја зајакнуваме и врската со заедницата, со партнерите и со сите што го поддржуваат фудбалот. Затоа што силен фудбал не се гради изолирано, туку заедно.
Инвестиравме и во младите, во опрема, во услови, во шанса за напредок. Фудбалот мора да биде достапен за сите, а талентот препознаен навреме. Затоа воспоставивме и систем за следење на нашите играчи, без разлика каде настапуваат“, изјави Омерагиќ.

Покрај членовите и делегатите на денешното собрание на ФФМ присуствуваа и гости од УЕФА и ФИФА, Јозеф Климент и Ролф Танер,

To top