Македонскиот атлетичар Јован Стојоски го комплетираше својот настап на Светското атлетско првенство во сала, кое се одржува во Торун, Полска.
Стојоски настапи во квалификациите на 400 метри и се појави во шестата група, каде имаше многу силна конкуренција. Нашиот атлетичар истрча време од 47,93 секунди, што за него е најдобар резултат оваа сезона.
Во конечниот пласман, Стојоски беше рангиран на 24. позиција.
Тој беше единствениот претставник од Македонија на овој атлетски Мундијал.