Регион

Три земјотреси од 4 до 4,6 степени регистрирани во близина на грчкиот град Јанина

Два земјотреси со јачина од 4,6 степени и еден од 4 степени според Рихтер, претпладнево беа регистрирани во период од 45 минути во близина на градот Јанина во западниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета од земјотресите.

Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси на Грција Ефтимиос Лекас за грчките медиуми посочи дека станува збор за продолжение на земјотресите регистрирани во конкретниот регион во последниот период и оцени дека сеизмичката активност во областа ќе продолжи без понатамошни проблеми.

Најнови вести од Регион

To top