Фијаското на протестот на ССМ кој беше организиран и логистички поддржан од СДС јасно покажа дека ССМ не доби поширока поддршка од вистинските работници, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста ја виде вистината за ССМ, наместо синдикат што се бори за работниците, ССМ се претвори во продолжена рака на политичките интереси на СДС.
Факт е дека во изминатите 1,5 година ССМ нема склучено ниту еден колективен договор со Владата. Нула резултати за работниците. Но затоа, очигледно е дека единствениот „договор“ кој функционира на ССМ е оној со СДС.
Неуспешниот протест на ССМ само ја потврди реалноста, вистинските работници не беа таму. Наместо нив, на протестот беа партиски мобилизирани структури на СДС, што претставува директно потценување на работничката интелигенција и достоинство.
Додека други синдикати обезбедуваат конкретни резултати и повисоки плати за вработените во јавниот сектор, ССМ молчеше и не ги поздрави колективните договори на Владата со разни синдикати, со кои се зголемија платите на работниците во јавниот сектор.
Тоа молчење на ССМ не е случајно туку е политички диктирано од СДС. Трендафилов и ССМ бараат се што сака и е во интерес на СДС.
Раководството на ССМ, предводено од Трендафилов, очигледно избра да служи на партиски агенди наместо на работничките интереси.
Се додека Трендафилов и ССМ функционираат како политички инструмент, довербата кај работниците во нив ќе опаѓа, и работниците ќе го напуштаат синдикатот.
Работниците заслужуваат вистински синдикат независен, гласен и бескомпромисен во заштитата на нивните права, а не политичка алатка во рацете на било која партија, стои во соопштението на партијата.