Република Општина Битола

Партерно уредување на просторот зад зградата на СВР Битола

Партерно уредување на просторот зад зградата на СВР Битола

Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која беше неорганизирана земјена површина.

Партерното уредување со бехатон плочки е на површина од околу 800 м2, а проектот вклучува и решение на канализацијата, односно преку собирни одводни решетки, насобраната атмосферска вода ќе се одведува од партнерната површина.

Вкупната сума за реализација на овој проект е околу 2,3 милиони денари, a изведувач на работите е ЈП „Нискоградба“.

Општина Битола ќе продолжи со уредување и на други простори од каде што беа отстранети гаражи и ќе се направат нови паркинг простори како што се кај „Овчи Пазар“, кај „Ат Пазар“, кај местото викано „Хеликоптерот“, кај „Кифлата“ и локацијата каде што беше поранешен финансов во близина на „Дрвен Пазар“.

To top