ОДАС реагира поради можно зголемување на партиципацијата за студентите на УКИМ.
Оваа дојава е од страна на студенти, по повод информации за документи од Владата и УКИМ.
Нивната реакција ја пренесуваме во продолжение:
До нас стигнаа жалби од голем дел од студентите на УКИМ поради можно покачување на партиципацијата за студентите на УКИМ. Иако ова е само најавено можно покачување, стоиме на страна на студентите кои се против ова покачување и сакаме да испратиме порака дека бесплатното државно образование треба да биде бесплатно.
Сепак, “бесплатното” образование нѐ чини по 200 € од семестар. Свесни сме за положбата на студентот во Македонија и не смееме да дозволиме да се влоши дополнително.
Затоа колеги, во чекор со генерацијата и против покачување на партиципацијата на студентите!