Кинески универзитет ги повика студентите да „уживаат во цвеќето и да се заљубат“ за време на пролетниот распуст, како дел од иницијативата на државата за поттикнување на младите да стапат во брак и домашна потрошувачка. „Сичуанскиот стручен колеџ за авијација објави на својот официјален ВиЧет („WeChat“) профил дека темата за пролетните празници (1 до 6 април), е „Гледајте цвеќе и уживајте во романтиката“, пренесуваат странските медиуми.
Во соопштението, дадено од страна на Кинеската Влада, се препорачува да се остават книгите настрана и да се искористи слободното време за уживање и опуштање. Целта е да се поттикне домашната потрошувачка, и помалку патувања надвор од сезоната. Провинциите Сичуан и источен Џијанг, како и градовите Суджоу и Нанкинг, веќе најавиле пролетни распусти за април или почетокот на мај, со што младите ќе добијат повеќе слободно време за активности надвор од училишните обврски.
Властите се надеваат дека продолжениот распуст ќе придонесе за зголемување на браковите и раѓањето на деца, со оглед на загрижувачкиот пад на наталитетот во земјата. Според официјалните податоци, во 2025 година бројот на жители на Кина се намалил четврта година по ред, а експертите предупредуваат на можни понатамошни намалувања на наталитетот доколку не се преземат соодветни мерки.