Кина денеска му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност, пренесе БТА.
Владите ширум светот се обидуваат да обезбедат алтернативни снабдувања со енергија во услови на војната на Блискиот Исток и проблемите со снабдувањето со гориво преку клучниот Ормуски Теснец.
Тајван, кој добива една третина од својот течен природен гас од Катар и не увезува енергија од Кина, изјави дека обезбедил алтернативни снабдувања за наредните месеци, вклучително и од Соединетите Американски Држави.
Портпаролот на кинеската Канцеларијата за прашања за Тајван, Чен Бинхуа, изјави дека „мирното обединување“ ќе му гарантира на Тајван поголема безбедност во однос на енергијата и ресурсите.
– Подготвени сме на нашите тајвански сонародници да им обезбедиме стабилна и сигурна енергија, како и безбедност на ресурсите за да можат да живеат подобро – рече кинескиот функционер.