Колумни СДСМ успеа да го направи невозможното

Кој е поголем ВМРО-вец?

Филипче вели: Шилегов работел за ВМРО! Шилегов вели: Филипче работи за ВМРО! Претходно Деспотовски работеше за ВМРО. Машала, машала гледам јас дека голем список се прави на тазе вмровци од зорт. Деновиве очекуваме да слушнеме за кого работи и Бранко Црвенковски, кој нели според нив е патронот на Максо. Па кога е бал нека биде маскембал, со маски и без маски. На крај, тамам ќе испадне дека сите знаат кој е кој и од каде доаѓа толкавата „емпатија“ кон ВМРО-ДПМНЕ, иако никој не признава. Главните актери на оваа трагикомедија мошне добро знаат кој колку путер има на глава, па затоа секој си ја пресметува вистината по своја математика, од која зависи силината, длабочината и причината за „емпатијата“.

Кој е поголем ВМРО-вец?

Во најновата епизода на македонската политичка трагикомедија, СДСМ успеа да го направи невозможното. Оваа партија вденовиве отвори внатрешна дебата што звучи како квиз-прашање: „Кој од СДСМ е поблизок до Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ?“ И тамам кога мислевме дека партијата ќе се занимава со граѓаните, излезе дека главната агенда е детективска истрага кој кому му намигнал преку политичкиот плоштад.

Филипче вели: Шилегов работел за ВМРО! Шилегов вели: Филипче работи за ВМРО! Претходно Деспотовски работеше за ВМРО. Машала, машала гледам јас дека голем список се прави на тазе вмровци од зорт. Деновиве очекуваме да слушнеме за кого работи и Бранко Црвенковски, кој нели според нив е патронот на Максо. Па кога е бал нека биде маскембал, со маски и без маски. На крај, тамам ќе испадне дека сите знаат кој е кој и од каде доаѓа толкавата „емпатија“ кон ВМРО-ДПМНЕ, иако никој не признава. Главните актери на оваа трагикомедија мошне добро знаат кој колку путер има на глава, па затоа секој си ја пресметува вистината по своја математика, од која зависи силината, длабочината и причината за „емпатијата“.

А народот, логично, се погласно прашува: „Добро бе луѓе, има ли некој што остана да работи за СДСМ?“ И после ќе се чудат зошто рејтингот им е толкав колку што им е.
Целата оваа приказна личи на семејна расправија каде што двајца браќа се караат кој повеќе ја сака куќата, додека куќата веќе им е под хипотека кај соседот. Едниот вели „ти ја рушиш одвнатре“, другиот враќа „ти си ја продал одамна“. Во меѓувреме, темелите си пукаат од се поголемите децебиели.

Одлуката за исклучување на Шилегов е донесена „со консензус“. Тоа е оној политички термин што значи: „сите климаа со глава, никој не праша“. Демократија во стил „кој не се согласува, веќе не е тука да се согласи“. Филипче уверува дека нема да дозволи делење на партијата. Што е иронично, затоа што најбрзиот начин да не дозволиш делење е да ги поделиш оние што мислат поинаку. Ова ми наликува на нова политичка диета: што помалу бројно членство толку повеќе послушници и поголем плен за делење. Од друга страна, Шилегов вели дека раководството е кадровски исцрпено. Што звучи како дијагноза од човек штотуку отпуштен од болница, кој објаснува дека проблемот не е до пациентот, туку до медицината.

И така, додека двајцата се натпреваруваат кој е „поголем ВМРО-вец“, вистинското прашање останува неотворено: кој е помал СДСМ-овец? Или тоа веќе не е релевантна категорија?
Во оваа политичка шаховска партија, фигурите се обвинуваат меѓусебно дека играат за спротивната страна, а таблата полека се празни. Единствено сигурно е дека гледачите се уморни од претставата, ама билетот, како и секогаш, веќе е платен. Пењил се, не пењил се, веќе голтнатиот сапун, сеирот мора да се гледа до крај. А најдоброто, очигледно, допрва доаѓа.

На крај, прашањето веќе не е кој е поблизок до Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Прашањето е кој е подалеку од реалноста. Или дали реалноста веќе одамна ги исклучила и двајцата. Просечниот гласач веќе не следи кој кого исклучил, туку дали ќе има уште некој останат да се исклучи. Следно што очекуваме е комисија што ќе утврдува кој од малкумината останати во СДСМ веќе не е ВМРО-вец.

Изгледа дека визијата на пратеникот Митко Анастасовски – врапчето не била претерување, туку роковник. Разликата е што денес не е проблем што врапчињата цврцорат „ВМРО, ВМРО, ВМРО“, туку што и во СДСМ се натпреваруваат кој подобро, почесто и погласно го изговара ова име.

Пишува: Проф д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

To top