Свет рано утрово

Иран егзекутира човек обвинет за шпионажа за Мосад

„Смртната казна на израелски шпион, кој им обезбедувал на службениците на Мосад слики и информации за чувствителни области во земјата, беше извршена утрово откако помина низ законската постапка и доби одобрение од Врховниот суд“, јави иранската новинска агенција Тасним.

Иран егзекутира човек обвинет за шпионажа за Мосад

Иран рано утрово егзекутира човек обвинет за шпионажа за израелската разузнавачка агенција Мосад.

„Смртната казна на израелски шпион, кој им обезбедувал на службениците на Мосад слики и информации за чувствителни области во земјата, беше извршена утрово откако помина низ законската постапка и доби одобрение од Врховниот суд“, јави иранската новинска агенција Тасним.

Човекот наводно бил регрутиран преку интернет од израелската разузнавачка служба додека бил во Шведска, откако ги објавил своите податоци на линк за рекламирање групни патувања. Првиот контакт наводно го направил офицер на Мосад кој зборувал персиски, се додава во извештајот. Тој бил уапсен од страна на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во јуни минатата година во Иран, за време на 12-дневната војна со Израел.

Според извештаите, тој поседувал софистицирана шпионска, разузнавачка и сателитска комуникациска опрема, а кај него биле пронајдени и 30.000 евра во готово.  (МИА)

To top