Реал Мадрид, ПСЖ и Арсенал се нови три тима кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Актуелниот европски шампион ПСЖ и мадридски Реал два пати ги совладаа англиските Челзи и Манчестер Сити, а Арсенал го доби реваншот со Леверкузен.
Во Манчестер, најтрофејниот европски тим со вкупни 5-1 го елиминира англискиот шампион Сити.
Откако првиот дуел во Мадрид заврши со победа на „кралевите“ со 3-0, во реваншот вечерва гостите од Маџрид славеа со 2-1. Дбата гола за Реал ги постигна Бразилецот, Винициус.
Реал поведе во 22.минута со голот од пенал, на кој претходеше црвениот картон за Бернардо Силва кај домаќините. Со играч помалку Сити постигна гол преку Халанд во 41 мин за израмнување на 1-1. Кога сите очекуваа крај, Винициус во судиското дополнение со својот втор гол ги постави конечните 2-1.
ПСЖ беше втор пат подобар од Челзи.
По париските 5-2, „светците“ вечерва славеа со 3-0. Кварацкелија (6.минута), Баркола (15) и Мајулу (62), беа стрелци на головите за ПСЖ.
Арсенал го победи Баер од Леверкузен со 2-0.
Првиот меч во Германија заврши без победник 1-1, па англиската екипа обезбеди место меѓу осумте најдобри. Стрелци на головите за „топчиите“ од Лондон беа, Еберечи Езе (36.минута) и Деклан Рајс (63).
Арсенал за противник во четвртфиналето ќе го има Спортинг Лисабон. Португалскиот првак го доби реваншот против Бодо Глимт со 5-0 по продолжение. Првиот меч му припадна на норвешкиот шампион со 3-0.
Утревечер на програмата се нови четири реванш дуели по кои ќе се комплетира листата на четвртфиналисти.