Ракомет

РК Вардар потпиша со нов голман за следната сезона

РК Вардар потпиша со нов голман за следната сезона

РК Вардар за следната сезона промовира уште едно засилување, а овојпат станува збор за голман.

Нов член на „црвено-црните“ од лето ќе стане Милан Бомаштар.

26-годишниот повремен српски репрезентативец стави потпис на договор со Вардар за две сезони, почнувајќи од следната 2026/27.

Бомаштар ќе дојде во Скопје по настапите за Шартр во француската елита.

„Вардар е еден од најдобрите клубови на Балканот и многу сум среќен што ќе бидам дел од таков клуб. Мислам дека ова е чекор повеќе во мојата кариера и дека многу ќе ми значи соработката со Марио Келентриќ, кој е еден од најдобрите тренери на голмани. Со нетрпение ја очекувам можноста да го бранам голот пред фантастичните навивачи на Вардар во салата „Јане Сандански“, познати како едни од најдобрите во Европа. Македонската лига во последните неколку години израсна во една од најјаките лиги на Балканот. Верувам дека со Вардар ќе ги освоиме сите домашни трофеи и дека во Европа ќе се покажеме во најдобро можно светло“, изјави Бомаптар.

To top