Република Општина Битола

Започна реконструкција на училишен објект во Крклино

Вредноста на оваа реконструкција е 3.380.097 денари.

Започна реконструкција на училишен објект во Крклино

На терен градежни активности на објектот во селото Крклино, кое е подрачно училиште на ОО „Александар Турунџев“ од Кукуречани.

Овој проект Општината го реализира со финансиски средства од Министерството за образование и наука, од вториот владин повик, а е на
барање на жителите.

Објектот, односно подрачното училиште има две училници, една канцеларија, ходник и тоалети.

Ќе се менува кровната конструкција, ќе се реконструира и фасадата, внатре промена на подовите, замена на дограмата со ПВЦ профили, како и
целосно средување на внатрешноста на објектот, односно молеро-фарбарски работи.

Денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.

Вредноста на оваа реконструкција е 3.380.097 денари. Општината и со оваа реконструкција ја покажува грижата за образованието, односно подобри услови за изведување на воспитно-образовниот процес.

To top