Денеска (27.01.2024) во 01:40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на влез во државата бил приведен С.М. (39) од Косово затоа што при контрола приложил туѓа лична карта.
Тој бил приведен од полициски службеници, а по насоки од судија од Основен кривичен суд Скопје тој бил пренесен во Прифатниот центар за странци-Скопје.