Во вторник, 17 март, Црна Гора треба привремено да затвори уште едно преговарачко поглавје во процесот на пристапување кон Европската Унија. Станува збор за Поглавје 14 – „Трансевропски транспортни мрежи“, кое се однесува на хармонизација на националната транспортна инфраструктура со европските транспортни коридори.
Ова е 14-то поглавје кое за 14 години преговори од 2012-та Подгорица го затвора. Едно годишно. Им остануваат уште само 19 поглавја од вкупно 33. Дали тоа значат уште нови 19 години, по логиката едно годишно?
Поглавјето 14 се однесува на развојот и интеграцијата на сообраќајната инфраструктура во европската мрежа на транспортни коридори – таканаречената TEN-T мрежа (Трансевропска транспортна мрежа). Вклучува клучни патни, железнички, поморски и воздушни рути што ги поврзуваат земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидатки, со цел побрз и поефикасен проток на луѓе, стоки и услуги.
Привременото затворање на ова поглавје значи дека Црна Гора го усогласила своето законодавство и стратешките планови со правилата на Европската Унија во оваа област, но неговата целосна примена ќе се следи до самиот крај на пристапните преговори.
„Трансевропските транспортни мрежи“ ќе биде 14-то поглавје што Црна Гора привремено го затвора во тековниот тек на преговорите за членство во Европската Унија. Овој чекор во Брисел се толкува како продолжување на динамиката на преговарачкиот процес и сигнал дека земјата постигнала дополнителен напредок во процесот на европска интеграција.