Македонија Собрание

На огласот се пријавиле Ристов и Реџепи: Комисијата за прашања на изборите треба да предложи претседател на РКЕ

Согласно Законот за енергетика, по разгледување на пријавите, Комисијата за прашања на изборите и именувањата му предлага на Собранието, предлог кандидат за именување на претседател на Регулаторната комисија за енергетика. 

На огласот се пријавиле Ристов и Реџепи: Комисијата за прашања на изборите треба да предложи претседател на РКЕ

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува двете пријави за јавниот оглас за именување претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија.

Според информациите на МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ.

Оглас за претседател на РКЕ беше објавен откако Марко Бислимоски поднесе оставка, но функцијата ќе ја извршува до изборот на нов прв човек на Комисијата.

Согласно Законот за енергетика, по разгледување на пријавите, Комисијата за прашања на изборите и именувањата му предлага на Собранието, предлог кандидат за именување на претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Претседател на РКЕ, се очекува да биде избран на пленарната седница закажана за в среда.

Најнови вести од Македонија

To top