Челси е казнет од страна на Премиер – лигата поради бројни финансиски неправилности во периодот кога клубот беше под сопственост на Роман Абрамович.
Денеска беше објавена и официјалната казна за лондонскиот клуб – историска и најголема во историјата на англискиот фудбал, во износ од 10.000.000 фунти. Но, тоа не е единствената санкција. Челси доби и условна забрана за регистрација. на нови играчи во следните две години, што значи дека клубот нема да може да доведува засилувања доколку направи нов прекршок.
на клубот му е забранета регистрација на нови членови во академијата во следните девет месеци, што се смета за најмалку болна мерка.
Важно е да се истакне дека Челси избегна казна во форма на одземање бодови во Премиер – лигата