Американската скијачка Микаела Шифрин победи во слалом, трка од Светскиот куп што се одржа во Оре, Шведска.
Таа ја оствари победата со вкупно време од 1:43,35 минути. Шифрин беше најбрза и во првото (50,22 секунди) и во второто (53,13 секунди) возење.
Второто место го освои Германката Ема Ајхер, со време од 1:44,29 минути, а трета беше Венди Холденер од Швајцарија, со време од 1:44,35 минути.
Шифрин веќе го обезбеди својот деветти мал кристален глобус во слалом, бидејќи има недостижна предност од 362 бода во дисциплината во однос на Швајцарката Камил Раст.
Борбата за големиот кристален глобус во генералниот пласман сè уште не е завршена. Шифрин води со 1.286 бода, додека второпласираната Ајхер има 1.206.
Трките во Оре претставуваат последна станица од Светскиот куп пред финалето на сезоната во Лилехамер, кое е закажано од 19 до 25 март