Денеска увид во градежните работи направи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со одговорните лица за овој проект.
Должината на патот е 706 метри, ширината 3 метри и банкини од двете страни. По поставувањето на тампонираната подлога со дебелина од 25 см, ќе следи асфалтирање. Дебелината на асфалниот слој ќе биде 7 см, а вкупната асфалтна површина 2119 м2.
Вредноста на овај проект е 5.185.870 денари, а средствата се преку Министерството за транспорт, од вториот владин повик, на кој Општина Битола имаше одобрено најголем број проекти. И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.