Очигледно преморени од протестирање за ССМ во саботата, по што следувала обавезната лумперајка и кафана до зори, СДС денеска се успаа. Тежок мамурлук, да не бил зафрканција.
Доколку минатите денови до 10 часот наутро веќе лиферуваа по 10-на инфантилни соопштенија на најразлични луцидни теми, денеска до 10 часот ги нема никаде.
Очебијно, не е лесно да се глуми синдикалец, нели? Или, како што не им личи да бидат патриоти, работници уште помалку?
Очекуваме канонада на нови индолентни соопштенија копи-пејстирани од минатата недела како одговор, пусулчиња преполни со безвезни инсинуации, компонирани наративи и нова поплава од лажни вести.
И пак, за мигрантите.
„Следеќе“ е за „изолацијата“.
„Ондак“, за предвремени избори.
Не бадијала, лидер од и во сенка им е Барон Муртинхаузен.
Кој ќе настапи денеска со нов прес-зезалица, од типот „колку да ги има во јавност“?
Шмрчко го изморија со урнебесниот „октопод“, гарант е на рехабилитација. Не, не од белото кое самиот призна дека го конзумирал. Откако го фатија жив на фотографии…
Жерновски?
Богданка, гарант.
Или ќе ја менува Заев Трети (читај Венко)?
Уште Фрчко Сениор да им смисли тема.
Поверојатно, заморот од протестот со ССМ ќе го релативизираат и правдаат со денот на годишнината од кочанската трагедија. Врз која година дена мизантропски ќаруваат дневно-политички поени. Дали, конечно, сфатија дека на треба да го прават тоа, дека е грдо и дегутантно?
Ќе видиме до крајот на денот, дали ја разбрале пораката на народот.
П.С.
А, ако сте киднапирани, трепнете два пати.
Загрижени сме што веќе е 12, а вас ве нема со соопштение, што ли. Последното е од 13 часот вчера, пред 22 часа.
Всушност, не мора да трепкате, одамна сте киднапирани од Зоќи (Не е Стокхолмски, ова е Муртински синдром), заборавивме, се извинуваме ако ви предизвикавме чувство на нелагодност кон киднапирачот…
Туку, каде е тој? Чуму не е во Македонија?
Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме…
