Тренерот на Барселона, Чави проговори за според него историската грешка што ја прави каталонскиот клуб.
– Во овој клуб почнуваме да ги цениме луѓето само откако ќе си заминат. Сега се ценат Валверде, Куман, Бускетс, Алба … Тие беа растргнати кога беа тука, а сега се цени нивниот труд. Ова е тема за размислување за нас. Се надевам дека ќе ви недостигам. Се грижам за тоа што го имам сега. Јас сум во најдобриот клуб во светот, го ценам доаѓањето на работа, среќен сум. Го ценам тоа сега, а не подоцна, ја цитира „Marca“ изјавата на Чави.
Претходно беше објавено дека Барселона нема да го отпушти Чави во блиска иднина и покрај многуте шпекулации за негова смена.
Четириесет и четиригодишниот тренер рече дека гласините за негово заминување кружат од август, но тој сè уште е во клубот. Тој ја предводи Барселона од 2021 година. Во моментов клубот е трет во Ла Лига со 44 бодови. (МИА)