Свет

Иран нападна италијанска воена база во Кувајт

Иран нападна италијанска воена база во Кувајт

Воената база Али ал Салем во Кувајт, каде се стационирани припадници на американската и италијанската армија утрово беше нападната од ирански дрон.

Беспилотното летало погоди магацин и уништи дрон на италијанските воздушни сили.

Министерството за одбрана на Италија соопшти дека во нападот нема повредени војници.

– Нема никаков ризик ниту проблем за нашите војници. Кувајт е иранска воена мета поради присутноста на американски бази. Нема да не заплашат, ќе се придржуваме до преземените меѓународни обврски, изјави шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани.

To top