Тимот на Мерцедес забележа „еден-два“ победа на трката за ГН на Кина во Шангај.
По двојниот триумф во Австралија (Расел беше пред Антонели), денес двајцата возачи на Мерцедес ги заменија улогите и Антонели заврши пред својот совозач.
Италијанецот вчера стана најмлад освојувач на пол-позиција, а денес со доминантен перформанс стигна до својата прва победа како 19-годишник.
На третото место се пласира Луис Хамилтон, што ќе го израдува седумкратниот шампион по цела година без пласман на подиумот.
Зад него беше совозачот од Ферери, Шарл Леклер, со кого водеше жестока битка поголемиот дел од трката.