Фудбал

ПМФЛ: Вардар минимално ја совлада Брера

ПМФЛ: Вардар минимално ја совлада Брера

ФК Вардар ја преживеа драмата на градски, победувајќи ја Брера со 1-0 во натпреварот од 23.коло на Првата лига, благодарение на пенал во судиското надополнување.

Фудбалерите на Вардар доминираа во текот на целиот натпревар, создавајќи бројни шанси, но реализацијата им недостасуваше.

Брера се држеше до последната минута, обидувајќи се да украде бод од домаќините.

Сè се реши во 90+4.минута: по ударот на Спахиу, Велков играше со рака во својот шеснаесетник.

Судијата Стојанче Трпчевски го консултираше ВАР и покажа на белата точка. Закариќ не погреши и реализираше за 1-0, обезбедувајќи важни три бода кои го одржуваат Вардар на врвот од табелата.

Сè се реши во 90+4.минута: по ударот на Спахиу, Велков играше со рака во својот шеснаесетник. Судијата Стојанче Трпчевски го консултираше ВАР и покажа на белата точка. Закариќ не погреши и реализираше за 1-0, обезбедувајќи важни три бода кои го одржуваат Вардар на врвот од табелата.

To top