Ракомет

Чупиќ: Вардар сака победа во Битола

Чупиќ: Вардар сака победа во Битола

Тренерот на РК Вардар 1961, Иван Чупиќ, го најави дербито против РК Е. Пелистер кое ќе се одигра во Битола, истакнувајќи дека неговиот тим и на овој натпревар ќе оди со јасна цел – победа.

„Патуваме во Битола кај нашиот најголем ривал, кој во моментов е втор на табелата. Се спремаме за сите натпревари на најголем можен начин, на Еурофарм Пелистер гледаме исто како на сите други ривали, затоа што Вардар има свои цели, секогаш оди на победа, на добра игра, на добра презентација на теренот. Мечот во Битола е дерби, но ќе биде ист како и сите останати, па сакаме да ги оствариме своите цели“, изјави Чупиќ.

Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 се игра во недела со почеток од 19:00 часот.

To top