Ракометарот на тимот на Динамо Панчево, Марко Тасиќ ќе го засили тимот на Вардар следната сезона.
Според српските медиуми, трансферот е веќе готов, само треба да се договори висината на одштетата која што Вардар треба да ја плати.
По Вукашин Воркапиќ, Урош Митровиќ и голманот Милан Бомаштар, кој треба да дојде на лето, Тасиќ би бил четвртиот член од сега веќе „српската“ колонија во Вардар.
Тасиќ во моментов има 23 години, а негова специјалност е пред се одбраната.
Тој има актуелен договор со тимот на Динамо, па и оттаму и прашањето за отштетата.