Дерби натпреварот од 2. коло ракометниот плеј оф од Супер лигата во ракомет меѓу првакот Еурофарм Пелистер и лидерот Вардар ќе се игра пред полна сала во Битола.
Домаќинот на натпреварот објави дека салата „Боро Чурлевски“ е распродадена, а најавено е присуство на гостински навивачи.
Почетокот на дуелот што се игра во недела е во 19 часот, а натпреварот ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати се Марјан Начевски и Лери Мирчески.
Вардар е лидер на табелата со 44 бодови, додека Еурофарм Пелистер е втор со 40.