На 12.03.2026 во 15 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија К.Т.(29) од Радолишта.
При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патнички автомобил „голф“ со струшки регистарски ознаки и притоа, констатирале дека тој немал положено возачки испит и нема право на управување моторно возило.
По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.