Хроника МВР

Уапсен возач од Брвеница, не ја почитувал забраната за управување на возило

По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Уапсен возач од Брвеница, не ја почитувал забраната за управување на возило

На 12.03.2026 во 11:20 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија Д.Ј..(48) од тетовското село Брвеница.

При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патнички автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки и притоа, констатирале дека тој имал активна забрана за управување на моторно возило од Б категорија, соопшти МВР.

По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани теми

To top